ЛУКСУЗЕН КОМПЛЕКС СО 1.000 СТАНАРИ ВО ХАТАЈ ПАДНА КАКО ДОМИНО, СЕ РЕКЛАМИРАШЕ КАКО ПАРЧЕ РАЈ ОТПОРЕН НА ЗЕМЈОТРЕСИ

    ЛУКСУЗЕН КОМПЛЕКС СО 1.000 СТАНАРИ ВО ХАТАЈ ПАДНА КАКО ДОМИНО, СЕ РЕКЛАМИРАШЕ КАКО ПАРЧЕ РАЈ ОТПОРЕН НА ЗЕМЈОТРЕСИ„Резиденција ренесанса“ беше отворена пред десет години

    Жителите на луксузен станбен комплекс во јужна Турција верувале дека нивните домови се отпорни на земјотреси сè додека тој не паднал како домино во неодамнешниот силен земјотрес, при што се стравува дека загинале стотици луѓе. Остатоците од „Резиденција ренесанса“ во Хатај, која се рекламираше како „парче рај“ кога беше отворена пред десет години, се најдоа во фокусот на јавниот гнев.

    Се проценува дека 1.000 луѓе живееле во комплексот со 249 станови. Преживеаните сега чекаат вести за судбината на нивните најблиски, додека надежите веќе речиси и да не постојат.

    Брат ми живееше тука десет години. Кажуваа дека е безбедна при земјотрес, но го гледате резултатот. Беше претставувана како најубавата резиденција на светот, а во неа нема ни соодветни цемент и челик. Вистински пекол“, вели 47-годишниот Хамза Алпаслан.

    Ова е една од 84.700 згради во Турција уништени или тешко оштетени во земјотресот, според министерството за урбанизам. И додека „Резиденција ренесанса“ целосно се урна, неколку постари згради близу неа сè уште стојат.

    Го изнајмивме ова место како елитно, безбедно место“, кажа Севил Карабдулоглу, чии две ќерки се под урнатините.

    Десетици луѓе кои ги интервјуираше „Ројтерс“ во Хатај ги обвинија изведувачите за користење евтини и несоодветни материјали, а властите за попустливост кон непочитувањето на важечките сеизмички градежни правила.

    Инвеститорот на комплексот Мехмет Јашар Чошкун беше уапсен на аеродромот во Истанбул додека се обидувал да избега во Црна Гора минатиот петок. Чошкун тврди дека зградата била цврста и ги поседувала сите неопходни дозволи.

    Турција вети дека ќе го истражи уривањето на зградите, што веќе опфати 246 осомничени лица.

    Ниедни урнатини не се расчистуваат без собирање докази“, кажа министерот за правда Бекир Боздаг.

    Од министерството за урбанизам велат дека половина од 20 милиони згради во Турција се изградени во спротивност со градежните правила.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира