КЛАЦКАЛКИ ПОСТАВЕНИ НА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА ИМ ОВОЗМОЖИЈА НА ДЕЦАТА ОД САД И МЕКСИКО ДА СИ ИГРААТ ЗАЕДНО

    КЛАЦКАЛКИ ПОСТАВЕНИ НА ЅИДОТ НА ГРАНИЦАТА ИМ ОВОЗМОЖИЈА НА ДЕЦАТА ОД САД И МЕКСИКО ДА СИ ИГРААТ ЗАЕДНОЛулашката е инсталација на двајца професори од САД (Фото: АП)

    Деца и возрасни беа снимени како се играат на флуоросцентно розеви лулашки поставени на мексиканско-американската граница. Станува збор за инсталација на двајца професори од САД, кои со тоа сакаа да донесат единство помеѓу поделените страни.

    Инсталирана долж челичната ограда во близина на градовите Ел Пасо во Тексас и Сиудад Хуарес во Мексико, лулашката е дело на Роналд Раел, професор по архитектура на Универзитетот Калифорнија во Беркли и на Вирџинија Сан Фратело, професорка по дизајн на државниот универзитет во Сан Диего, кои првпат дошле на идеја за ваков концепт пред две години.

    „Лулашката буквално претставува столб кој ги држи заедно двете земји. Настанот донесе радост, заедништво и возбуда на граничниот ѕид. Ова, исто така, покажува дека акциите што се прават на една страна имаат директни последици по другата страна“, изјави Раел.

    Откако стана претседател, Доналд Трамп се обидува да изгради ѕид долж границата, за што деновиве Врховниот суд му одобри 2,5 милијарди долари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира