Шпанија би можела да направи измени во уставот, што на регионите би им овозможило да организираат референдуми во иднина, изјави министерот за надворешни работи Алфонсо Дастис.
Тој додаде дека по ова прашање треба да се одржи референдум на национално ниво.
Ова е прва официјална изјава од Мадрид со која се признава моменталната ситуација во Каталонија, а доаѓа повеќе од еден месец по референдумот за независност, што централната власт го прогласи за неуставен и потоа наметна своја контрола во регионот и затвори дел од локалните лидери.
Низ Каталонија денеска се протестираше против оваа одлука.
„Во парламентот формиравме комитет, што ќе ја разгледа можноста да се направат уставни измени, што на подобар начин би ги изразиле аспирациите на каталонскиот народ. Свесни сме дека постои политичка ситуација која треба добро да се проанализира, но за оваа одлука треба да реши целиот шпански народ“, изјави Дастис.