Мадридските обвинители побараа затвор за осум разрешени членови на каталонската влада поради нивната улога во нелегалниот референдум за отцепување на регионот од Шпанија.
Девет високи каталонски функционери, вклучувајќи го и бившиот потпретседател Ориол Хункерас, денеска дојдоа на испрашување во судот во Мадрид и од нив, единствено бившиот министер за економија Санти Вила доби право на кауција од 50.000 евра. Вила поднесе оставка во пресрет на референдумот на 1 октомври.
Иако тоа сѐ уште не е официјално покренато, каталонските лидери се соочуваат со обвинение за побуна, повикување на сецесија и за злоупотреба на јавни средства, за што можат да добијат затворска казна до 30 години.
За сите барања на обвинителите, сега треба да реши судот.
Бившиот претседател Карлес Пуигдемонт и четворица негови соработници избегаа во Брисел и процесот во Мадрид го нарекоа политички.