МАГАЗИНОТ „ЊУЈОРКЕР“ ГО ОТПУШТИ НОВИНАРОТ КОЈ БИЛ ФАТЕН КАКО МАСТУРБИРА ЗА ВРЕМЕ НА СОСТАНОК НА ЗУМ

    МАГАЗИНОТ „ЊУЈОРКЕР“ ГО ОТПУШТИ НОВИНАРОТ КОЈ БИЛ ФАТЕН КАКО МАСТУРБИРА ЗА ВРЕМЕ НА СОСТАНОК НА ЗУМЏефри Тубин работеше во „Њујоркер“ 27 години (Фото: АП)

    Магазинот „Њујоркер“ го отпушти еден од своите најпознати новинари Џефри Тубин откако тој бил фатен во недолична ситуација за време на состанок на уредничкиот колегиум, одржан преку платформата Зум. Шеесетгодишниот Тубин, кој беше под суспензија од инцидентот минатиот месец, потврди на Твитер дека добил отказ.

    „Денеска бев отпуштен од ‘Њујоркер‘ по 27 години како член на новинарската редакција. Секогаш ќе го сакам магазинот и ќе ми недостигаат моите колеги“, напиша Тубин, кој ќе ја изгуби и коментаторската позиција во Си-Ен-Ен.

    Како што објави сајтот „Вајс“, за време на состанокот, неколкумина колеги го виделе Тубин како мастурбира на друг видеоповик. Откако беше суспендиран, Тубин призна дека направил глупава грешка, мислејќи дека камерата му била исклучена.

    „Сакаме сите да бидат свесни дека работите на работното место треба да се сфатат сериозно“, соопшти компанијата „Конде наст“, во чија сопственост е „Њујоркер“.

    Инцидентот се случил на 15 октомври, кога „Њујоркер“ и едно њујоршко радио правеле симулација на изборите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира