МАЈМУНОТ ОД КИНА ПРЕДВИДЕ ПОБЕДА НА ТРАМП, ШКОТСКАТА КОЗА НА КЛИНТОН

a:1:{s:9:"td_source";s:51:"Вашингтон,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МАЈМУНОТ ОД КИНА ПРЕДВИДЕ ПОБЕДА НА ТРАМП, ШКОТСКАТА КОЗА НА КЛИНТОН

    Милена Ѓорѓиевска – Гласот на Америка, специјално за САКАМДАКАЖАМК.МК

    Што предвидуваат животнитe за тоа кој ќе биде идниот претседател на САД – Клинтон или Трамп?

    Во Кина мајмунот – крал на пророштвата предвидува победа за Трамп.

    „Мистичното мајмунче го избра Трамп, Еколошкиот туристички парк Шијанку кажа во соопштение на нивната веб-страница. Без трошка двоумење тој му честиташе на кандидатот од картон со бакнеж на усните“, објави француската новинска агенција.

    САД ГЛАСААТ – ВЕСЕЛА АТМОСФЕРА, СТРАВ И НЕСИГУРНОСТ

    Во меѓувреме, во Индија, риба позната по името Чанакија Трета исто така го избра Трамп. Чанакија Втора точно го претскажа резултатот на европското фудбалско првенство 2016-та.

    Но, животинското царство не е едногласно за Трамп. Шкотска коза позната под името Батс неодамна го направи својот избор загризувајќи го знакот означен како „Клинтон“, според весникот „Скот“.

    Ако не сакате да ги слушате животните има и друг начин.

    Според продажбата на халовинските маски за секој од кандидатите, Трамп води со 55% наспроти 45% за Клинтон.

    Или еве како гласаше основното училиште „Бенџамин Френклин“ во Јорктаун Хајтс, Њујорк: Хилари Клинтон.

    Последните 48 години секое одделение од градинка до петто одделение изведува божемно гласање и секогаш досега точно го имаат избрано идниот претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира