Европската Унија се согласи да ја додаде Македонија на својата листа на безбедни земји, со што на македонските државјани ќе им биде дозволено да патуваат во 27-те членки на блокот и од несуштински причини, изјавија дипломатски извори од Брисел.
Освен Македонија, на проширената листа ќе се најдат и САД, Србија, Албанија, Либан и Тајван. Одлуката ќе стапи на сила во наредните денови.
Досега оваа листа ја сочинуваа само Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.
Секоја членка на Унијата има право да побара негативен ПЦР тест или карантин за патниците од безбедните земји, односно земји во кои што има мал ризик од зараза со коронавирус.