МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ СТАВЕНА НА ЛИСТАТА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ЧИИ ГРАЃАНИ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО ЕУ

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ СТАВЕНА НА ЛИСТАТА БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ ЧИИ ГРАЃАНИ МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО ЕУОдлуката ќе стапи на сила во наредните денови (Фото: Ѓ. Личовски)

    Европската Унија се согласи да ја додаде Македонија на својата листа на безбедни земји, со што на македонските државјани ќе им биде дозволено да патуваат во 27-те членки на блокот и од несуштински причини, изјавија дипломатски извори од Брисел.

    Освен Македонија, на проширената листа ќе се најдат и САД, Србија, Албанија, Либан и Тајван. Одлуката ќе стапи на сила во наредните денови.

    Досега оваа листа ја сочинуваа само Австралија, Израел, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Сингапур, Јужна Кореја и Тајланд.

    Секоја членка на Унијата има право да побара негативен ПЦР тест или карантин за патниците од безбедните земји, односно земји во кои што има мал ризик од зараза со коронавирус.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира