МАКРОН И ШОЛЦ ПОБАРАА ОД ПУТИН ДА ОДРЖИ ДИРЕКТНИ И СЕРИОЗНИ ПРЕГОВОРИ СО ЗЕЛЕНСКИ

    МАКРОН И ШОЛЦ ПОБАРАА ОД ПУТИН ДА ОДРЖИ ДИРЕКТНИ И СЕРИОЗНИ ПРЕГОВОРИ СО ЗЕЛЕНСКИДвајцата лидери од ЕУ инсистирале на итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи. - Германскито канцелар Олаф Шолц (Фото: Кабинет на германскиот канцелар)

    За време на телефонски разговор, лидерите на Франција и Германија денеска побараа од Владимир Путин да одржи „директни сериозни разговори“ со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Емануел Макрон и Олаф Шолц имаа 80-минутен разговор со рускиот претседател утрово.

    Двајцата лидери од ЕУ инсистирале на итен прекин на огнот и повлекување на руските трупи и побарале од Путин да има сериозни директни преговори со украинскиот претседател за наоѓање на дипломатско решение на конфликтот.

    Сепак, советникот на Зеленски и главен украински преговарач Михаило Подолјак претходно кажа дека не може да се верува на каков било договор со Русија.

    „Каков било договор со Русија не вреди скршено пени“, напиша Подолјак на Телеграм

    „Можно ли е да се преговара со земја која секогаш лаже цинично и пропагандистички?“, праша тој.

    Последните директни разговори на преговарачките тимови на Русија и Украина се одржаа на 29 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира