МАКРОН ПРЕДЛАГА ДЕЛУМНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА ЗА ДА СЕ ВИДИ ДАЛИ ПУТИН НАВИСТИНА САКА МИР

    МАКРОН ПРЕДЛАГА ДЕЛУМНО ПРИМИРЈЕ ВО УКРАИНА ЗА ДА СЕ ВИДИ ДАЛИ ПУТИН НАВИСТИНА САКА МИРМакрон вели дека европски копнени трупи би биле распоредени во Украина дури во втората фаза (Фото: Гети)

    Франција и Велика Британија предлагаат делумно едномесечно примирје помеѓу Русија и Украина, што би се однесувало на воздушни и поморски напади и напади врз енергетската инфраструктура, но не и на копнените борби, објавија францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

    „Вакво делумно примирје би овозможило да се утврди дали рускиот претседател Владимир Путин е навистина посветен на примирје. И тогаш би почнале вистинските мировни разговори“, изјави Баро.

    Според англо-францускиот предлог, европски копнени трупи би биле распоредени во Украина дури во втората фаза.

    „Не би имало европски трупи во Украина во следните недели. Прашањето е како да го искористиме ова време за да се обидеме да постигнеме примирје, со преговори кои би траеле неколку недели“, кажа Макрон.

    Кремљ, кој ја отфрли идејата за распоредување западни трупи во Украина, рече дека судирот во Овалната соба помеѓу Трамп и Зеленски покажува колку би било тешко да се постигне решение за конфликтот во Украина.

    „Зеленски покажа целосно отсуство на дипломатски способности. Тој и украинските власти не сакаат мир, туку војната да продолжи“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во првата официјална реакција за петочната средба Трамп-Зеленски.

    Запрашан дали е свесен за планот на Макрон, што Британија не го потврди, Володимир Зеленски одговори: „Свесен сум за сѐ“.

    Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека европските лидери се согласиле да состават мировен план за Украина, што потоа би му бил претставен на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира