МАКРОН ПРЕДЛОЖИ ФОРМИРАЊЕ НА ПАРАЛЕЛНА ЕВРОПСКА ЗАЕДНИЦА ВО КОЈА ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ И КАНДИДАТИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ

    МАКРОН ПРЕДЛОЖИ ФОРМИРАЊЕ НА ПАРАЛЕЛНА ЕВРОПСКА ЗАЕДНИЦА ВО КОЈА ЌЕ БИДАТ ВКЛУЧЕНИ И КАНДИДАТИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУМакрон вели дека место да се спуштаат критериумите за членство, подобро е да се креира паралелна заедница која може да биде привлечна за земјите кои сакаат да ѝ се приклучат на ЕУ. (Фото: Фејсбук/Емануел Макрон)

    Францускиот претседател Емануел Макрон денеска кажа дека ќе бидат потребни децении за кандидат како Украина да се приклучи на Европската унија и сугерираше формирање на поширока политичка заедница со демократските земји околу ЕУ.

    „Дури и да им дадеме кандидатски статус утре, сите знаеме совршено добро дека процесот на приклучување ќе потрае неколку години, во реалноста несомнено неколку децении“, изјави Макрон за Украина.

    Но, велејќи дека е свесен за потребата од брзо давање место во Европа на земји како Украина, Молдавија и Грузија, тој повика на формирање на „Европска политичка заедница“.

    Макрон вели дека место да се спуштаат критериумите за членство, подобро е да се креира паралелна заедница која може да биде привлечна за земјите кои сакаат да ѝ се приклучат на ЕУ, но и за земји кои ја напуштиле унијата, мислејќи на Велика Британија.

    „Оваа нова европска организација ќе им овозможи на демократските европски нации да најдат нов простор за политичка соработка, безбедност, енергетска соработка, транспорт, инвестиции, инфраструктура, движење на луѓето“, кажа Макрон во Европскиот парламент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира