МАЛ АВИОН ПРИНУДНО СЛЕТА НА АВТОПАТ ВО ХРВАТСКА

    МАЛ АВИОН ПРИНУДНО СЛЕТА НА АВТОПАТ ВО ХРВАТСКАНема детали зошто спортскиот авион слетал на автопат - фото 24сатахр (аматерска фотографија)

    Мал спортски авион утрово принудно слетал на автопатот Загреб – Ријека во Хрватска во близина на местото Рамна Гора. Никој не е повреден, објавуваат повеќе хрватски медиуми со постирање на аматерски фотографии од читатели.

    „Возевме кон морето кога одеднаш, на две коли пред нас на автопатот слета спортски авион. Најверојатно му е оштетено крилото. Удри со носот на асфалтот, но успешно го изведе слетувањето“, изјавила читателка за дигиталната редакција на 24сата.хр.

    На теренот се излезени пожарникари и вработени што го оддржуваат автопатот. Нема детали зошто пилотот морал да слета на автопат, на делницата на која поради туристичката сезона вообичаено има многу возила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира