МАЛИТЕ ДЕЦА СМЕАТ ДА СЕ ГУШКААТ СО СВОИТЕ БАБА И ДЕДО ЗАШТО НЕ ГО ПРЕНЕСУВААТ КОРОНАВИРУСОТ, КАЖА ШВАЈЦАРСКАТА ВЛАДА

    МАЛИТЕ ДЕЦА СМЕАТ ДА СЕ ГУШКААТ СО СВОИТЕ БАБА И ДЕДО ЗАШТО НЕ ГО ПРЕНЕСУВААТ КОРОНАВИРУСОТ, КАЖА ШВАЈЦАРСКАТА ВЛАДАСредбите со баба и дедо треба да бидат кратки и тие не смеат да ги чуваат децата, кажаа од швајцарската влада (Фото: Гети)

    Швајцарските власти кажаа дека е безбедно децата до 10 години да се гушкаат со своите баба и дедо, ревидирајќи ги препораките околу коронавирусот.

    Според шефот за заразни болести во министерството за здравство Даниел Кох, научниците заклучиле дека малите деца не го пренесуваат вирусот. Сепак, средбите со баба и дедо треба да бидат кратки и тие не смеат да ги чуваат децата.

    „Малите деца не се заразуваат и не го пренесуваат вирусот. Тие едноставно ги немаат рецепторите за да ја фатат болеста. Првичната препорака децата да држат растојание од своите баба и дедо била дадена во времето кога помалку се знаеше како коронавирусот се пренесува“, кажа Кох.

    Швајцарија е меѓу европските земји кои почнаа да ги олеснуваат рестриктивните мерки, а за две недели ќе бидат отворени и училиштата и продавниците.

    „Голем број баби и дедовци живеат за да си ги видат внуците и тоа е важно за нивното ментално здравје. Децата не се опасност за своите стари роднини, туку родителите“, рече Кох.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира