МАЛТА Е МАФИЈАШКА ДРЖАВА, ИЗЈАВИ СИНОТ НА УБИЕНАТА НОВИНАРКА ДАФНЕ ГАЛИЦИЈА

    МАЛТА Е МАФИЈАШКА ДРЖАВА, ИЗЈАВИ СИНОТ НА УБИЕНАТА НОВИНАРКА ДАФНЕ ГАЛИЦИЈАДафне Карвана Галиција објавуваше статии на популарен блог, во којшто директно пишуваше за корупцијата во својата земја (Фото: Ројтерс)

    Синот на малтешката новинарка Дафне Карвана Галиција, која вчера беше убиена во атентат, ја опиша Малта како мафијашка држава, а премиерот Џозеф Маскат го нарече кловн во емотивен пост на Фејсбук.

    Метју Галиција се наоѓал во близина кога експлодираше автомобилот на неговата мајка, која објавуваше статии на популарен блог, во којшто директно пишуваше за корупцијата во својата земја. Блогот имаше околу 400.000 посети дневно.

    Токму премиерот Маскат беше честа мета на нејзините жестоки критики. Таа го поврза Маскат со скандалот „Панамски документи“ и со тајни сметки, преку кои се переле пари од Азербејџан, што доведе до предвремени избори на Малта.

    „Моја мајка е убиена затоа што застана меѓу владеењето на правото и оние кои сакаа да го нарушат тоа. Таа стана мета, затоа што единствената укажуваше на тоа. Ова не е обично убиство, ова не е трагедија. Ова е војна помеѓу државата и организираниот криминал. Неколку часа подоцна, оној кловн од премиер даваше изјава во парламентот за новинарката која цела деценија ја малтретираше. Живееме во мафијашка држава, во која институциите не ја вршат својата работа и постои култура на неказнување“, напиша Метју Галиција.

    Маскат го повикал и ФБИ да се вклучи во истрагата, а на помош дошле и форензичари од Холандија.

    Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, преку Твитер понуди 200.000 евра за корисна информација која би помогнала во решавањето на случајот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира