МАРИН ЛЕ ПЕН ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА ВО 2027

    МАРИН ЛЕ ПЕН ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СЕ КАНДИДИРА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ ВО ФРАНЦИЈА ВО 2027Ле Пен изгуби на изборите во 2012, 2017 и 2022 (Фото: ДПА)

    Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција следната година, откако денеска ѝ беше намалена забраната за вршење јавна функција. Таа најави жалба на одлуката да носи електронска нараквица една година откако апелацискиот суд во Париз ја потврди ланската пресуда за обвиненијата за проневера на европски пари.

    Не можам да водам кампања со нараквица. Сакам да ги истерам сите правни можности за да ја одбранам мојата невиност во овој случај“, кажа Ле Пен.

    Судот денеска ја прогласи за виновна за проневера на 2,8 милиони евра од европските фондови, што нејзината партија Национален собир ги потрошила на шема со лажни работни места. Истовремено ѝ беше дозволено да се кандидира на следните избори.

    Таа ја отфрли можноста да му ја предаде кандидатурата на лидерот на партијата, Жордан Бардела.

    Нема такво сценарио. Тука сум вечерва за да објавам дека ќе се кандидирам на изборите во 2027“, рече Ле Пен на француската телевизија.

    Тоа ќе биде нејзиниот четврти обид да стане претседателка, откако изгуби во 2012, 2017 и 2022.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира