Бројката на загинати во силниот земјотрес во Мароко надмина 2.000, а има уште најмалку толку повредени.
Министерството за внатрешни работи вели дека над 1.400 луѓе имаат сериозни повреди, а најголем дел од настраданите се во провинциите јужно од Маракеш.
Плашејќи се од нови потреси, најголем дел од Мароканците се решија да преноќат на отворено, спиејќи на улици.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени беше во планините Атлас во петокот вечер и има извештаи за цели села срамнети со земја.