МАСК ДЕЛИ ЧЕКОВИ ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ЗА СУДИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА ВИСКОНСИН

    МАСК ДЕЛИ ЧЕКОВИ ОД МИЛИОН ДОЛАРИ ПРЕД ИЗБОРИТЕ ЗА СУДИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА ВИСКОНСИНМаск кажа дека овие избори се клучни за агендата на Трамп и за иднината на цивилизацијата (Фото: АП)

    Илон Маск им даде чекови од по еден милион долари на двајца гласачи од Висконсин во пресрет на изборите за Врховниот суд во оваа американска сојузна држава, за кои тој кажа дека се клучни за агендата на Доналд Трамп и за иднината на цивилизацијата.

    Ова е суперважен договор. Еве ме лично“, кажа Маск пред 2.000 луѓе на собир во градот Грин Беј.

    Маск и групите што ги поддржува имаат дадено повеќе од 20 милиони долари за да му помогнат на конзервативниот кандидат Бред Шимел да победи на утрешните избори, кои ќе го определат идеолошкиот изглед на судот. Маск силно се ангажираше во кампањата, при што либералната фаворитка Сузан Крофорд и нејзините сојузници го обвинуваа дека сака да има влијание во судот.

    Мислам дека ова е важно за иднината на цивилизацијата. Толку е значајно“, кажа Маск.

    Тој истакна дека судот може да направи прераспределба на конгресните области, што на крајот може да влијае на тоа која партија го контролира Претставничкиот дом.

    И ако Врховниот суд на Висконсин биде во можност да ги прекрои областите, ќе го лиши Висконсин од две места на републиканската страна. Тогаш тие ќе се обидат да ги запрат сите владини реформи што ги правиме за американскиот народ“, рече Маск.

    Два пониски суда ја отфрлија желбата на демократот Џош Каул, кој тврдеше дека понудата на Маск го прекршува државниот закон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира