МАСК ГО АКТИВИРАШЕ УКИНАТИОТ ПРОФИЛ НА ТРАМП НА ТВИТЕР, НО ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ САКА ДА СЕ ВРАТИ

    МАСК ГО АКТИВИРАШЕ УКИНАТИОТ ПРОФИЛ НА ТРАМП НА ТВИТЕР, НО ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НЕ САКА ДА СЕ ВРАТИПоранешниот американски претседател кажа дека не е заинтересиран да се врати на Твитер. (Фото: АП)

    Новиот сопственик на Твитер Илон Маск кажа дека профилот на Доналд Трамп повторно е активен откако спроведе анкета на која имаше мало мнозинство за потегот.

    „Луѓето кажаа што мислат“, твитна Маск, откако 51,8 отсто од 15-те милиони учесници во анкетата гласаа да се укине забраната на профилот на Трамп.

    Но, поранешниот американски претседател кажа дека не е заинтересиран да се врати на Твитер.

    „Не гледам причина за тоа“, вели Трамп.

    Профилот на Трамп на Твитер беше укинат пред 22 месеца поради ризик за поттикнување насилство, неколку дена откако неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот.

    Неколку месеци подоцна, тој основаше своја социјална мрежа „Трут Соушл“ и вели дека ќе остане таму.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира