МАСК И ПУТИН РЕДОВНО КОМУНИЦИРАЛЕ ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ ГОДИНИ, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИ

    МАСК И ПУТИН РЕДОВНО КОМУНИЦИРАЛЕ ВО ИЗМИНАТИТЕ ДВЕ ГОДИНИ, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИТЕ МЕДИУМИАко Трамп победи на изборите во ноември, Маск би можел да добие важна функција во неговата администрација (Фото: АП)

    Илон Маск, најбогатиот човек на светот кој има активна улога во претседателската кампања на Доналд Трамп, бил во редовен контакт со Владимир Путин во изминатите две години, објавија американските медиуми.

    Повикувајќи се на неколку сегашни и бивши американски, европски и руски функционери, „Вол стрит џурнал“ извести дека Маск и Путин разговарале и за лични и за геополитички прашања, при што рускиот лидер побарал од шефот на „Тесла“ да не ги активира сателитите „Старлинк“ над Тајван како услуга за кинескиот претседател Шји Џинпинг.

    Можноста дека постои таен канал за комуникација помеѓу Маск и Путин може да предизвика голема загриженост на западот. Маск е клучен играч во американската вселенска програма, неговите сателити „Старлинк“ се од голема важност за војната во Украина и ја води една од најголемите социјални мрежи Икс.

    Исто така, ако Трамп победи на изборите во ноември, Маск би можел да добие важна функција во неговата администрација. Тој досега има вложено десетици милиони долари за да ја поддржи неговата кампања.

    Кремљ кажа дека Путин и Маск разговарале само еднаш телефонски и тоа за вселената и за сегашни и идни технологии.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира