МАСК ЈА РАЗЛУТИ УКРАИНА СО ТВИТЕР АНКЕТАТА СО ПРЕДЛОЗИ КАКО ДА СЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТА

    МАСК ЈА РАЗЛУТИ УКРАИНА СО ТВИТЕР АНКЕТАТА СО ПРЕДЛОЗИ КАКО ДА СЕ ЗАВРШИ ВОЈНАТАНа почетокот на војната, Маск ја поддржа Украина кога ѝ испрати опрема за сателитски интернет (Фото: АП)

    Володимир Зеленски му возврати на Илон Маск откако тој објави анкета на Твитер со предлози како да се заврши војната во Украина. Меѓу идеите што шефот на „Тесла“ ги изложи пред своите 107 милиони следбеници беше и дали Украина треба да ѝ отстапи територија на Русија.

    Како одговор на ова, Зеленски објави своја анкета, во која праша дали повеќе го сакате Маск кој ја поддржува Украина или Маск кој ја поддржува Русија, на која за осум часа било гласано повеќе од 1,5 милиони пати.

    Меѓу оние кои реагираа на анкетата на Маск беше и рускиот шаховски велемајстор Гари Каспаров.

    Тоа е морален идиотизам, повторување на пропагандата на Кремљ, предавство на украинските жртви и храброст“, кажа Каспаров.

    Маск предложи и гласање на окупираните делови на Украина, што Русија веќе ги анектираше.

    Русија да си оди ако тоа е волјата на луѓето“, кажа Маск.

    Во анкетата на која одговорија над два милиона луѓе, Маск предложи и светот формално да го признае Крим за дел од Русија.

    На почетокот на војната, Маск ја поддржа Украина така што ѝ испрати опрема за сателитски интернет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира