МАСК КАЖА ДЕКА ОСНОВАЛ НОВА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА

    МАСК КАЖА ДЕКА ОСНОВАЛ НОВА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈАМаск нема право да се кандидира за претседател зашто не е роден во САД (Фото: ЕПА)

    Илон Маск кажа дека почнува нова политичка партија, неколку недели откако се скара со Доналд Трамп. Во објава на Икс, Маск напиша дека неговата Американска партија ќе го предизвика двопартискиот систем на Демократите и Републиканците.

    Засега е нејасно дали партијата ќе биде регистрирана за да може да учествува на избори. Маск, кој нема право да се кандидира за претседател зашто не е роден во САД, не кажа кој ќе ја води партијата.

    Тој првпат го најави ова кога јавно се скара со Трамп, по излегувањето од неговата администрација. Додека се препукуваа преку социјални мрежи, Маск кажа дека е време за нова политичка партија во САД.

    Кога станува збор за банкротирање на нашата земја со отпад и корупција, ние живееме во еднопартиски систем, а не во демократија. Денеска е формирана Американската партија за да ви ја врати слободата“, напиша Маск на Икс.

    Иако во американската политика имаше познати играчи надвор од традиционалниот двопартиски систем, на нив им е тешко да добијат доволно голема национална популарност за да претставуваат вистинска закана. На ланските претседателски избори, кандидатите од Либертаријанската партија, Зелената партија и Народната партија залудно се обидоа да им конкурираат на Трамп и Камала Харис.

    Маск до неодамна беше клучен поддржувач на Трамп и потроши 250 милиони долари за неговата кампања, но ги расипаа односите откако Маск почна да го критикува новиот закон за буџетот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира