МАСК КАЖА ДЕКА ПОЧНАЛЕ ПРОЦЕДУРА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УСАИД, ОТИ „НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВИ“

    МАСК КАЖА ДЕКА ПОЧНАЛЕ ПРОЦЕДУРА ЗА УКИНУВАЊЕ НА УСАИД, ОТИ „НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВИ“УСАИД е најголемиот поединечен донатор во светот (Фото: АФП)

    Илон Маск, кој ги предводи напорите на Доналд Трамп за намалување на федералната администрација, изјави дека ја почнале процедурата за укинување на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

    Не може да се поправи“, кажа Маск, додавајќи дека Трамп се согласил дека агенцијата треба да згасне.

    Владата на Трамп викендов ги отпуштила двајцата шефови за безбедност во УСАИД кои се обиделе да ги запрат претставниците на Одделот за владина ефикасност на Маск да добијат пристап до деловите на зградата со ограничен пристап.

    УСАИД е најголемиот поединечен донатор во светот. Во фискалната 2023 година САД распределиле меѓународна помош од 72 милијарди долари, што опфати разни области. Агенцијата вработува повеќе од 10.000 луѓе. По доаѓањето во Белата куќа, Трамп нареди замрзнување на целата американска меѓународна помош.

    Зборувајќи за пошироки кратења на трошоците, Маск процени дека владата на Трамп следната година би можела да намали еден трилион долари од американскиот дефицит.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира