МАСК НАЈАВИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ДАВА ТОЛКУ ПАРИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ

    МАСК НАЈАВИ ДЕКА ВЕЌЕ НЕМА ДА ДАВА ТОЛКУ ПАРИ ЗА ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИМаск делеше чекови од милион долари на републикански гласачи (Фото: АП)

    Илон Маск планира да намали со политички донации откако во претседателската кампања беше главниот донатор на Доналд Трамп. Најбогатиот човек на светот, кој вложил 250 милиони долари во кампањата на Трамп, кажа дека во иднина ќе троши многу помалку.

    Запрашан дали ќе троши и на следните избори за Конгресот, Маск кажа:

    Направив доволно. Ако најдам причина за трошење на политиката во иднина, ќе го направам тоа. Но, моментално немам причина за тоа“.

    Зборувајќи на економска конференција во Катар, Маск најави дека ќе остане на чело на „Тесла“ и во следните пет години.

    Откако му помогна на Трамп да победи на изборите, Маск беше назначен за шеф на Одделот за владина ефиканост, чија цел беше да ја намали админстрацијата и да го скрати федералното трошење, при што илјадници службеници беа отуштени. Под притисок од „Тесла“, Маск неодамна ги намали своите активности во Вашингтон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира