„Твитер“ денеска ќе ги информира сите свои вработени дали ќе бидат отпуштени, откако Илон Маск ја презеде компанијата во зделка вредна 44 милијарди долари.
„Отпуштањата имаат за цел да го стават ‘Твитер‘ за здрав пат“, стои во интерен мејл на компанијата.
Канцелариите на компанијата привремено ќе бидат затворени, а пристапот на овластените лица ќе биде суспендиран.
„Ќе поминеме низ тежок процес на намалување на нашата глобална работна сила. Признаваме дека тоа ќе опфати бројни поединци кои имале вреден придонес кон компанијата, но овој потег е неопходен за да се обезбеди нејзино успешно движење напред“, пишува во мејлот.
Денеска до 17 часот по македонско време, сите вработени ќе примат мејл насловен „Вашата улога во Твитер“, а оние кои нема да бидат погодени ќе бидат известени преку нивниот службен мејл.
Веднаш по продажбата на „Твитер“ се појавија шпекулации дека ќе бидат отпуштени половина од 8.000 вработени. Платформата се мачи да остварува профит и едно од решенијата е намалување на трошоците, кажа тогаш Маск, кој најави и други промени на оваа социјална мрежа.