МАСОВЕН ГЛАД СЕ ШИРИ НИЗ ГАЗА, НАД 100 ОРГАНИЗАЦИИ ГИ ПОВИКАА ВЛАДИТЕ ДА РЕАГИРААТ

    МАСОВЕН ГЛАД СЕ ШИРИ НИЗ ГАЗА, НАД 100 ОРГАНИЗАЦИИ ГИ ПОВИКАА ВЛАДИТЕ ДА РЕАГИРААТПрвпат откако започна војната, палестинските власти велат дека десетици луѓе сега умираат и од глад (Фото: АП)

    Повеќе од 100 хуманитарни организации и групи за човекови права апелираа до владите да преземат мерки, додека глад се шири во Газа. Тие бараат итен и траен прекин на огнот и укинување на сите ограничувања за протокот на хуманитарна помош.

    Во соопштение потпишано од 111 организации се предупредува дека масовен глад се шири низ енклавата, додека тони храна, чиста вода, медицински материјали и други производи стојат надвор од Газа бидејќи на хуманитарните организации им е блокиран пристапот до нив и не можат да ги достават.

    Додека опсадата на израелската влада ги изгладнува луѓето во Газа, хуманитарните работници сега се приклучуваат на истите редици за храна, ризикувајќи да бидат застрелани. Ограничувањата и одложувањата од страна на владата на Израел создадоа хаос, глад и смрт. Апелираме до владите да бараат укинување на сите бирократски и административни ограничувања, отворање на сите копнени премини, обезбедување пристап до сите во Газа и отфрлање на воено контролираната дистрибуција“, стои во соопштението.

    Израел, кој ги контролира сите залихи што влегуваат во Газа, негира дека е одговорен за недостигот на храна.

    Повеќе од 800 луѓе се убиени во последните недели обидувајќи се да стигнат до храна, главно во масовни пукања од страна на израелски војници, поставени во близина на дистрибутивните центри на Хуманитарната фондација за Газа, која е поддржана од САД.

    Првпат откако започна војната, палестинските власти велат дека десетици луѓе сега умираат и од глад. Во Газа се исцрпени залихите на храна откако Израел ги прекина сите испораки во март, а потоа во мај воведе нови мерки за кои вели дека се потребни за да се спречи пренасочување на помошта кон милитантните групи.

    Норвешкиот совет за бегалци изјави дека неговите залихи на помош се целосно исцрпени во Газа, а дел од неговиот персонал гладува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира