МАЖ УПАДНА ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ХРВАТСКИОТ ГРАД ДАРУВАР И УБИ ПЕТМИНА, МЕЃУ КОИ И МАЈКА МУ

    МАЖ УПАДНА ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ХРВАТСКИОТ ГРАД ДАРУВАР И УБИ ПЕТМИНА, МЕЃУ КОИ И МАЈКА МУУбиецот бил фатен откако го извршил масакрот (Фото: Мој портал)

    Петмина луѓе се убиени откако еден маж пукал во дом за стари и немоќни лица во хрватскиот град Дарувар. Локалните медиуми објавија дека во инцидентот се ранети уште пет лица, но тежината на нивните повреди засега не е позната.

    Сајтот „Мој портал“ објави дека еден маж влегол во домот и почнал да пука во луѓето, при што петмина загинале на самото место. Убиецот побегнал, но набргу потоа бил фатен од полицијата.

    Неофицијални информации кажуваат дека во домот била сместена и неговата мајка, која е една од жртвите на пукањето. Весникот „Јутарњи лист“ објави дека напаѓачот е 51-годишен бивш хрватски војник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира