МЕЃУНАРОДЕН ТИМ НАУЧНИЦИ ГИ ДОВЕДЕ ВО ПРАШАЊЕ ПОДАТОЦИТЕ ЗА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 И СМЕТА ДЕКА БИЛЕ МАНИПУЛИРАНИ

    МЕЃУНАРОДЕН ТИМ НАУЧНИЦИ ГИ ДОВЕДЕ ВО ПРАШАЊЕ ПОДАТОЦИТЕ ЗА РУСКАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 И СМЕТА ДЕКА БИЛЕ МАНИПУЛИРАНИИнститутот Гамалеја во експресен рок ја разви вакцината и одлучи да ја прескокне финалната фаза на тестирањата (Фото: ДПА)

    Русија го изненади светот кога во средина на август објави дека ја одобрила употребата на вакцината „спутник V“, прва против ковид-19 на светот, откако експресно ги спровела тестирањата и едноставно го прескокнала одлучувачкиот тест за нејзината безбедност.

    Сомневајќи се во манипулирање со податоците, 40-ина научници од Европа, САД, Канада, па дури и Русија во отворено писмо ги доведоа во прашање податоците за вакцината, што во почетокот на овој месец беа објавени во угледниот медицински журнал „Лансет“, пишува „Дојче веле“.

    Тие забележуваат дека иако лицата кои учествувале во тестирањата добиле различни форми на вакцината, во различни денови сите имале исто ниво на антителата во крвта. Исто така, и вредностите на Т-клетките кои го уништуваат новиот коронавирус наводно биле идентични кај волонтерите, што, според овие научници, не може да биде случајност.

    Ова е статистички малку веројатно и повеќе наликува на манипулација. Тоа е исто како неколку пати по ред да добиете исти бројки по фрлањето коцки“, вели молекуларниот биолог Енрико Бучи.

    Вакцината „спутник V“ е развиена од московскиот институт за епидемиологија Гамалеја и го носи името на првиот сателит испратен во вселената. Тимот научници побара од „Лансет“ да ги објави суровите, необработени податоци за вакцината за да се разјасни дали впечатливите мустри на бројки се случајност или манипулација.

    И покрај сѐ, Русија во декември планира да ја спроведе првата масовна имунизација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира