Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека неговата сопруга и неговиот најмлад син, Меланија и Барон, во Белата куќа ќе се вселат откако ќе заврши учебната година.
Трамп на 20 јануари 2017 година ќе биде инаугуриран како 45. американски претседател.
Учебната година во Америка завршува на крајот на пролетта или почетокот на летото.
Трамп ова го изјави откако во јавноста излезе информација дека неговата сопруга и син по инаугурацијата најверојатно ќе останат да живеат во Њујорк и нема веднаш да се преселат во Вашингтон.