МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО ТУЖИ „ДЕЈЛИ МЕЈЛ“ ЗА 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НАВОДИТЕ ДЕКА БИЛА ПРОСТИТУТКА

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Лондон,(Би-Би-Си)

    МЕЛАНИЈА ТРАМП ГО ТУЖИ „ДЕЈЛИ МЕЈЛ“ ЗА 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НАВОДИТЕ ДЕКА БИЛА ПРОСТИТУТКА

    Меланија Трамп покрена тужба против британскиот весник „Дејли Мејл“  и еден американски блогер и бара оштета со вредност од  150 милиони долари  во врска со наводите дека била проститутка во 90-те.
    Во весникот  беше наведено дека г-ѓа Трамп во 90-те работела како сексуална работничка во Њујорк и тогаш се запознала со кандидатот за претседател Доналд Трамп.
    Адвокатот Чарлс Хардер вели дека дека изјавите на блогерот биле „потполни лаги“.
    „Дејствијата нa обвинетитe се толку злонамерни за г-ѓа Трамп, што штетата на нејзината репутација се проценува  околу 150 милиони долари”, изјави  г-дин Хардер.
    Меланија Трамп поднела тужба  до апелациониот пред судот Монтгомери Каунти во Мериленд во САД. По тужбата, блогерот и „Дејли Мејл“  ги повлекле нивните статии.
    Г-ѓа Трамп, 46 годишна,  е родена во Словенија и во 90-тите се пресели во САД за да работи како моделка, а се омажи за г-дин Трамп во 2005 година.
    Во статијата на „Дејли Мејл“, се цитира словенечкото списание „Сузи”, дека агенцијата за моделирање во која работела г-ѓа Трамп, според судските документи, исто така, функционирала како агенција за ескорт.
    Блогерот Вебстер Тарпли имаше напишано дека г-ѓа Трамп стравува дека нејзиното минато ќе и се открие на јавноста.
    Во јули, г-ѓа Трамп беше вовлечена во спор околу плагијат по своето обраќање на конвенцијата на републиканците. Речениците на нејзиниот говор беа речиси исти од збор до збор со оние на првата дама Мишел Обама на конвенцијата на демократите во 2008 година. Една од вработените во „Трамп Организацијата“, Мередит Меклејвер, подоцна ја призна својата улога во пишувањето на говорот, велејќи дека тоа била нејзина грешка.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира