Мелинда Френч-Гејтс денеска објави дека планира во следните две години да донира 1 милијарда долари на организации кои ги поддржуваат жените и девојките ширум светот. Френч-Гејтс следната недела ќе ја напушти фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која ја основаше заедно со нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс, и ќе добие 12,5 милијарди долари од Гејтс како дел од нивниот договор за развод.
Донациите ќе бидат направени преку нејзината групација „Пивотал венчурс“, која вели дека ќе се подели на слдниов начин: 200 милиони долари за 16 постоечки непрофитни организации во САД кои поддржуваат жени и девојки, 240 милиони долари, во грантови од 20 милиони долари за секој од 13 глобални лидери, меѓуи кои и режисеркатата АваДиВернеј и експремиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардерн, 250 милиони долари ќе бидат доделени на организации кои работат на подобрување на менталното и физичкото здравје на жените ширум светот, избрани преку отворен повик за промени оваа есен.