МЕРКЕЛ ДОГОВОРИ ГЕРМАНИЈА ДА ПРИМА 200.000 БЕГАЛЦИ ГОДИШНО

    МЕРКЕЛ ДОГОВОРИ ГЕРМАНИЈА ДА ПРИМА 200.000 БЕГАЛЦИ ГОДИШНОНадмина голема пречка во формирањето на новата влада. - Ангела Меркел (Фото: Ројтерс)

    Демохристијанската унија на Ангела Меркел постигна договор за мигрантската политика со своите конзервативни сојузници од Баварија, со што беше надмината најголемата пречка во преговорите за создавање на владејачка коалиција.

    Согласно договорот, кој произлезе од седумчасовните преговори, Германија годишно ќе прима околу 200.000 бегалци, при што нема да се поставува горната граница.

    Ангела Меркел го освои четвртиот канцеларски мандат на изборите на 24 септември, иако крајната десница ѝ одзеде голем дел од гласовите. Таа планира да состави влада со Слободните демократи (ФДП) и со Зелените, што би била прва таква коалиција досега.

    ЦДУ И ЦСУ се сестрински партии од Баварија, но последниве години имаа недоразбирања околу мигрантската политика. ЦСУ бараше ограничувања во приемот на мигранти, на што Меркел се противеше и ги отвори границите.

    Двете страни, конечно, постигнаа компромис, па Германија во иднина ќе прима 200.000 бегалци годишно на хуманитарна основа, а приоритет ќе имаат членовите на семејствата кои веќе се во Германија. Сепак, Германија нема да ги враќа бегалците од граница и изразот краен лимит нема да се користи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира