МЕРКЕЛ ГИ ИЗГЛЕДАЛА СИТЕ ГОВОРИ И ИНТЕРВЈУА НА ТРАМП ПРЕД НИВНАТА УТРЕШНА СРЕДБА

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Берлин,(Ројтерс)

    МЕРКЕЛ ГИ ИЗГЛЕДАЛА СИТЕ ГОВОРИ И ИНТЕРВЈУА НА ТРАМП ПРЕД НИВНАТА УТРЕШНА СРЕДБА

    По неколку месеци судири од далечина околу различните вредности и политики, германската канцеларка Ангела Меркел и новиот претседател на САД Доналд Трамп утре за првпат ќе се сретнат во Вашингтон.
    Навистина е тешко да се замислат два поразлични лидери, во стил и во суштина: Таа е воздржана и внимателна, физичар од Источна Германија, која носи добро смислени одлуки и некогаш не се здоби со вниманието, кое обично ги следи најсилните европски лидери. Тој е богат бизнисмен со недвижности од Њујорк, кој спонтано реагира и ужива во центарот на вниманието.

    Германските власти велат дека Меркел неуморно се подготвувала за нејзиното патување во Вашингтон.
    „Таа ги изгледа сите говори на Трамп и ги анализираше неговите интервјуа, вклучувајќи го и долгото интервју со Плејбој во 1990 година, каде тој објаснува многу од контроверзните идеи кои би ги спровел како претседател“, велат тие.

    Жестоката средба ќе биде следена од низа влади на светот за да најдат индиции околу иднината на трансатлантската алијанса, партнерство кое помогна во формирањето на светскиот поредок од Втората Светска Војна, но коешто Трамп се обидува да го прекине.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира