ГЕРМАНИЈА НАЈАВУВА ЛЕСЕН КАРАНТИН, МЕРКЕЛ ГИ ПОВИКА ГЕРМАНЦИТЕ ДА БИДАТ ПОДИСЦИПЛИНИРАНИ

    ГЕРМАНИЈА НАЈАВУВА ЛЕСЕН КАРАНТИН, МЕРКЕЛ ГИ ПОВИКА ГЕРМАНЦИТЕ ДА БИДАТ ПОДИСЦИПЛИНИРАНИМеркел утре ќе се сретне со лидерите на 16-те сојузни држави, кои ќе се обиде да ги убеди да воведат рестрикции (Фото: ДПА)

    Ангела Меркел им порача на Германците да бидат подисциплинирани и да се држат до она што го знаат за коронавирусот, додека земјата се бори со тешкиот втор бран на ширењето на заразата и се најавува дополнително заострување на мерките.

    „Знаеме како да се заштитиме. Знаеме како да одговориме и да продолжиме напред. Но, зголемените бројки ни кажуваат дека ако не се држиме до она што го знаеме за коронавирусот, ќе се најдеме во ситуации од кои потешко ќе се извлечеме“, изјави Меркел.

    Таа утре ќе се сретне со лидерите на 16-те сојузни држави, кога ќе се обиде да ги убеди да воведат рестрикции, што се опишуваат како лесен карантин. Германија денеска регистрираше 11.409 нови случаи на коронавирус и од владата предупредија дека бројката многу брзо би можела да биде и 20.000 дневно.

    Според „Билд“, владата размислува да воведе низа нови мерки, како затворање на рестораните, баровите, културните установи и теретани на најмалку две недели и забрана на јавни настани. Се очекува училиштата да останат отворени, освен во регионите каде што ситуацијата е најсериозна.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира