МЕРКЕЛ ИСПРАТЕНА СО ДЕСЕТМИНУТЕН АПЛАУЗ, ЦДУ ИЗБИРА НОВ ЛИДЕР ПО 18 ГОДИНИ

    МЕРКЕЛ ИСПРАТЕНА СО ДЕСЕТМИНУТЕН АПЛАУЗ, ЦДУ ИЗБИРА НОВ ЛИДЕР ПО 18 ГОДИНИАнгела Меркел доби овации од повеќе од 1.000 делегати на конгресот на партијата во Хамбург (Фото: Ројтерс)

    Ангела Меркел доби громогласен десетминутен аплауз, откако одржа емотивен проштален говор како лидер на нејзината партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ). Шеесет и четиригодишната Меркел во октомври објави дека ќе отстапи од функцијата по цели 18 години, откако ЦДУ оствари слаби резултати на последните регионални избори.

    „Нашите либерални вредности мора да бидат одбранети, и однадвор и одвнатре“, кажа Меркел на конгресот на партијата во Хамбург, добивајќи овации од повеќе од 1.000 делегати.

    Меркел, која останува канцелар до 2021 година, навести дека ја поддржува генералната секретарка Анегрет Крамп-Каренбауер за своја наследничка, чиј најсериозен противкандидат е милионерот Фридрих Мерц. На третиот кандидат, министерот за здравство Јенс Шпан, му се даваат мали шанси.

    Гласањето за нов лидер ќе се одржи попладнево.

    „Партијата мора да остане добро екипирана, мотивирана и обединета, за да се соочи со предизвиците што ги носи иднината. Време е ЦДУ да почне ново поглавје“, кажа Меркел, додавајќи дека понекогаш била лут лидер, кој носеше одлуки во последен момент.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира