МЕРКЕЛ ВО 2021 ЈА НАПУШТА КАНЦЕЛАРСКАТА ФУНКЦИЈА

    МЕРКЕЛ ВО 2021 ЈА НАПУШТА КАНЦЕЛАРСКАТА ФУНКЦИЈАЈа презеде одговорноста за последните слаби изборни резултати; - Ангела Меркел (Фото: Гети)

    Ангела Меркел објави дека ќе се повлече од функцијата канцеларка во 2021 година, откако нејзината партија Христијанско-демократската унија (ЦДУ) оствари слаби резултати на последните регионални избори во Германија.

    „Нема да барам нова политичка функција откако ќе ми истече сегашниот мандат“, изјави Меркел.

    Таа најави дека во наредните денови ќе се повлече и од лидерската функција во ЦДУ, на којашто се наоѓа од 2000 година.

    „Преземам целосна одговорност за последните изборни неуспеси“, додаде Меркел.

    На изборите во Хесен, ЦДУ и нејзиниот социјалдемократски партнер освоија 10% помалку гласови во споредба со претходните избори, но, сепак, остануваат на власт.

    Меркел првпат стана канцеларка во ноември 2005, а лани го освои четвртиот мандат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира