Германската канцеларка Ангела Меркел беше реизбрана за четврт мандат на сојузните избори, покажуваат излезните анкети. Нејзината конзервативна алијанса ЦДУ/ЦСУ освои 32,5% од гласови, останувајќи најголема партија во парламентот, според анкетата на државната телевизија АРД. Нејзиниот досегашен коалиционен партнер СПД освои 20%. Во меѓувреме, националистичката и антиисламска десница АФД, освои 13,% од гласовите, станувајќи трета најсилна партија во Германија.
Овие бројки значат дека Социјал демократите, предводени од Мартин Шулц, паднаа на најнизок резултат по Втората светска војна. Во обраќање до поддржувачите, Шулц кажа дека ова е крај на „големата коалиција“ со алијансата на Меркел.
„Ова е тежок и горчлив ден за социјал демократите во Германија. Не ја исполнивме нашата цел“, кажа тој.
Резултатот на АФД, подобар отколку што предвидуваа предизборните анкети, значи дека десничарската партија за првпат ќе има места во Бундестагот. Лидерот на партијата Фројке Петри на Твитер кажа дека Германија доживеа „политички земјотрес“.
Според излезната анкета, либералната ФДП освои 10,5% од гласовите, Зелениет 9,5% и Дие Линке 9%. Меркел сега ќе бара нови коалициони партнери, процес што може да потрае со месеци.