МЕРКЕЛ СТРАВУВА ДЕКА ВО ГЕРМАНИЈА БИ МОЖЕЛО ДА ИМА РЕЧИСИ 20.000 НОВОЗАРАЗЕНИ НА ДЕН

    МЕРКЕЛ СТРАВУВА ДЕКА ВО ГЕРМАНИЈА БИ МОЖЕЛО ДА ИМА РЕЧИСИ 20.000 НОВОЗАРАЗЕНИ НА ДЕНМеркел вели дека е приоритет економијата да продолжи да работи (Фото: Ројтерс)

    Ангела Меркел им кажала на лидерите на својата партија ЦДУ дека бројот на нови случаи на коронавирус во Германија би можел да достигне до 19.200 на ден, ако продолжи сегашниот тренд, но нагласила дека економијата мора да работи. Бројот на новозаразени расте во Германија во изминатите недели и тој денеска изнесува 1.192.

    Ако сегашниот тренд продолжи, ќе имаме 19.200 новозаразени на ден. Исто е и во другите земји“, рекла Меркел на видеоконференција на водството на ЦДУ.

    Веста што ја објави „Билд“ беше потврдена за „Ројтерс“ од извор запознат со случувањата на конференцијата, појаснувајќи дека Меркел мислела на периодот до Божиќ.

    Мора брзо да интервенираме, да ја скротиме заразата и да го спречиме експоненцијалниот раст на бројките. Мора да поставиме приоритети, првенствено економијата мора да работи, а градинките и училиштата да останат отворени. Фудбалот е секундарна работа сега“, рекла Меркел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира