МЕРКЕЛ ВО КАРАНТИН ОТКАКО НЕЈЗИН ЛЕКАР БИЛ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

    МЕРКЕЛ ВО КАРАНТИН ОТКАКО НЕЈЗИН ЛЕКАР БИЛ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУСМеркел ќе биде подложена на редовни тестови во наредните денови (Фото: АП)

    Германската канцеларка Ангела Меркел е ставена во карантин откако лекарот кој ја вакцинирал имал позитивен тест на коронавирус.

    Нејзиниот портпарол Штефен Зајберт изјави дека 65-годишната Меркел била информирана за лекарот набргу откако вечерва одржала прес-конференција, на која што ги соопшти новите рестриктивни мерки во земјата.

    Зајберт појасни дека таа во петокот од претпазливост примила вакцина против инфекција на белите дробови.

    „Ангела Меркел ќе биде подложена на редовни тестови во наредните денови и ќе продолжи да работи од дома“, кажа Зајберт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира