МЕРЦ ПРЕДЛАГА НА УКРАИНА ДА Ѝ СЕ ДОДЕЛИ СТАТУС НА ПРИДРУЖНА ЧЛЕНКА НА ЕУ

    МЕРЦ ПРЕДЛАГА НА УКРАИНА ДА Ѝ СЕ ДОДЕЛИ СТАТУС НА ПРИДРУЖНА ЧЛЕНКА НА ЕУМерц рече дека неговиот предлог нема да влијае на другите земји-кандидатки за членство (Фото: АА)

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил на Украина да ѝ се даде активна улога во структурите на Европската Унија како привремен чекор кон полноправно членство, што, како што кажа, би помогнало да се олесни постигнувањето договор за завршување на војната со Русија.

    Во писмо до лидерите на ЕУ, Мерц предлага на Украина да ѝ се додели нов статус на придружна членка, што би им овозможило на украинските функционери да учествуваат на самити на ЕУ и на министерски состаноци, но без право на глас. Германскиот лидер, исто така, предложил членките на ЕУ да преземат политичка обврска да ја применат клаузулата за заемна помош на блокот кон Украина „со цел да се создаде значителна безбедносна гаранција“.

    Европските претставници велат дека е нереално Украина да добие полноправно членство во следните неколку години, иако 2027 беше наведена во мировниот план од 20 точки дискутиран помеѓу САД, Украина и Русија.

    Предлогот на Мерц претставува обид да се најде среден пат помеѓу брзото пристапување и моменталниот статус на Украина како земја-кандидатка на почеток на процесот.

    „Мојот предлог ја одразува специфичната ситуација на Украина како земја во војна. Тој ќе помогне во олеснувањето на тековните мировни преговори и ова е суштинско не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на целиот континент“, напишал Мерц во писмото.

    Тој рече дека предлогот нема да влијае на другите земји-кандидатки и побара блокот да разгледа иновативни решенија за оние кои долго време работат на пристапување кон ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира