МЕРЦ, СТАРМЕР, МАКРОН И ФОН ДЕР ЛАЈЕН ОДАТ СО ЗЕЛЕНСКИ НА СРЕДБАТА СО ТРАМП ВО БЕЛАТА КУЌА

    МЕРЦ, СТАРМЕР, МАКРОН И ФОН ДЕР ЛАЈЕН ОДАТ СО ЗЕЛЕНСКИ НА СРЕДБАТА СО ТРАМП ВО БЕЛАТА КУЌАФон дер Лајен кажа дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина колку што биде потребно (Фото: АП)

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон ќе бидат меѓу европските државници кои ќе го придружуваат Володимир Зеленски на неговата утрешна средба со Доналд Трамп во Белата куќа. Оваа европска дипломатска офанзива следува откако се појавија информации дека Трамп на самитот на Алјаска го прифатил предлогот на Владимир Путин за размена на територии како пат кон запирање на војната во Украина.

    Лидерите ќе се обидат да постигнат координација помеѓу Европејците и САД, со цел да се дојде до праведен и траен мир, што ќе ги зачува виталните интереси на Украина и безбедноста на Европа“, кажаа од кабинетот на Макрон.

    Покрај нив, во европската делегација ќе бидат и италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, финскиот претседател Александер Стуб и шефот на НАТО, Марк Руте.

    Патувањето ќе послужи како размена на информации со Доналд Трамп по неговата средба со Владимир Путин на Алјаска. Ќе се разговара за безбедносните гаранции, територијалните прашања и за континуираната поддршка за Украина во нејзината одбрана од руската агресија“, изјави портпаролот на германската влада.

    Последното гостување на Зеленски во Белата куќа во февруари заврши катастрофално откако тој беше жестоко нападнат од Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс, во сцени невидени во меѓународната дипломатија. Украина и САД во меѓувреме ги подобрија односите и го потпишаа договорот за ретки минерали.

    Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина колку што биде потребно. Мирот мора да се постигне преку сила, пред да се утврди како треба да изгледа договорот. Ова мора да вклучува безбедносни гаранции за заштита на Украина и Европа. Украина, исто така, мора да биде во можност да го одржи својот територијален суверенитет и не смее да има ограничувања за нејзините вооружени сили и за приклучувањето кон меѓународни организации“, рече Фон дер Лајен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира