МЕШАЊЕТО КОВИД ВАКЦИНИ ЈА ЗГОЛЕМУВА ПОЈАВАТА НА БЛАГИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ, ВЕЛИ ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ОКСФОРД

    МЕШАЊЕТО КОВИД ВАКЦИНИ ЈА ЗГОЛЕМУВА ПОЈАВАТА НА БЛАГИ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ, ВЕЛИ ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ОКСФОРДРеакциите како треска и главоболка биле краткотрајни (Фото: СДК.МК)

    Мешањето различни вакцини против ковид-19 поверојатно може да предизвика благи и умерени несакани ефекти кај возрасните, покажа ново истражување. Треска, главоболка и болка во мускулите почесто се јавувале кога се давале различни вакцини. Сепак, овие реакции биле краткотрајни и немало безбедносни грижи.

    „Ова е интересно откритие и не е нешто што неопходно го очекувавме“, вели Метју Снејп од Универзитетот Оксфорд, кој го спроведе истражувањето.

    Тоа беше покренато во февруари за да се утврди дали мешањето вакцини може да даде подолготраен имунитет, подобра заштита од нови варијанти на коронавирус или едноставно може да им помогне на клиниките кога има прекин во снабдувањето со една вакцина. Канадските провинции Онтарио и Квебек планираат да мешаат вакцини во иднина поради неизвесноста околу испораките од „АстраЗенека“.

    Во истражувањето учествувале 830 волонтери постари од 50 години и целосните резултати ќе бидат објавени во јуни.

    Еден од десет волонтери кои примиле две дози на „АстраЗенека“ развил треска, но кога една вакцина била „АстраЗенека“, а друга „Фајзер“, вакви умерени несакани ефекти пораснале на 34%.

    „Ова ни кажува дека нема да имунизираме цел оддел медицински сестри со две различни вакцини во еден ден зашто наредниот ден ќе има многу отсуства од работа“, вели Снејп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира