МЕСТО НА 3 ЈАНУАРИ, ГРЦИЈА УТРЕ ВОВЕДУВА НОВИ КОРОНАМЕРКИ ПОРАДИ БРЗОТО ШИРЕЊЕ НА ОМИКРОН

    МЕСТО НА 3 ЈАНУАРИ, ГРЦИЈА УТРЕ ВОВЕДУВА НОВИ КОРОНАМЕРКИ ПОРАДИ БРЗОТО ШИРЕЊЕ НА ОМИКРОННајголем дел од новите случаи на зараза во Грција се омикрон (Фото: АП)

    Поради брзото ширење на сојот омикрон, грчката влада одлучи порано да ги воведе новите коронамерки, што оригинално требаше да стапат на сила на 3 јануари. Министерот за здравство Танос Плеврис кажа дека новите рестрикции почнуваат да важат утре во шест часот.

    Според нив, сите места кои служат алкохол ќе работат до полноќ, а музиката ќе биде забранета. Исклучок ќе биде новогодишната ноќ, кога локалите ќе работат до два часот. Заштитна маска постојано ќе мора да се носи во јавност.

    „Најголем дел од новите случаи на зараза се омикрон“, изјави Плеврис.

    Во Грција вчера беа регистрирани над 21.600 нови случаи на коронавирус, а денеска се очекува да бидат околу 30.000.

    При влез во Грција мора да се покаже негативен ПЦР или брз тест за коронавирус. Исто така, на луѓето им се советува да направат уште еден брз тест два или три дена по доаѓањето во Грција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира