„МЕТА“ ПОЧНА ДА ИСКЛУЧУВА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ ПРОФИЛИ НА ДЕЦА ВО АВСТРАЛИЈА ПРЕД ДА СТАПИ ЗАБРАНАТА ВО СИЛА

    „МЕТА“ ПОЧНА ДА ИСКЛУЧУВА ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ ПРОФИЛИ НА ДЕЦА ВО АВСТРАЛИЈА ПРЕД ДА СТАПИ ЗАБРАНАТА ВО СИЛААвстралија е првата земја која воведе забрана на социјални мрежи за помлади од 16 години (Фото: Ајпик)

    Мета“ започна да исклучува профили на австралиски деца и тинејџери на Фејсбук, Инстаграм и Тредс, една недела пред да стапи во сила забраната на социјални мрежи за помлади од 16 години. Австралија е првата земја која воведе ваква забрана и остатокот од светот со голем интерес ќе следи како ќе се одвива тоа.

    Компанијата објави минатиот месец дека почнала да ги известува корисниците на возраст од 13 до 15 години дека нивните профили ќе почнат да се гаснат од 4 декември. Се проценува дека ќе бидат погодени околу 150.000 профили на Фејсбук и 350.000 на Инстаграм. На Тредс, исто како на Икс, може да се пристапи само преку Инстаграм.

    Забраната во Австралија официјално ќе стапи во сила на 10 декември, при што компаниите ќе се соочат со казни до 33 милиони долари ако не успеат да преземат „разумни чекори“ за да ги спречат лицата под 16 години да имаат профили на социјални мрежи.

    Усогласувањето со законот ќе биде континуиран и повеќеслоен процес. Иако ‘Мета‘ е посветена на почитувањето на законот, веруваме дека е потребен поефикасен, стандардизиран пристап што ја зачувува приватноста“, рече портпаролка на компанијата.

    Минатиот месец, „Мета“ изјави дека корисниците кои ги идентификувала дека имаат помалку од 16 години ќе можат да ги преземат и зачуваат своите објави, видеа и пораки пред да им се деактивираат профилите.

    Покрај платформите на „Мета“, забраната се однесува и на Јутјуб, Икс, ТикТок, Снепчет, Редит, Кик и Твич. Владата вели дека забраната има за цел да ги заштити децата од штетноста на социјалните мрежи, но критичарите велат дека овој потег може да изолира одредени групи кои зависат од платформите за поврзување и да ги турка децата кон помалку регулирани делови од интернетот.

    Министерката за комуникации Аника Велс рече дека внимателно ќе следат и помалку познати апликации како Lemon8 и Yope за да се види дали децата мигрираат на тие платформи по забраната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира