МИЦОТАКИС ПОБАРА ПРОШКА ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА СО 57 ЖРТВИ, НИЗ ГРЦИЈА ПРОДОЛЖУВААТ ПРОТЕСТИТЕ

    МИЦОТАКИС ПОБАРА ПРОШКА ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА СО 57 ЖРТВИ, НИЗ ГРЦИЈА ПРОДОЛЖУВААТ ПРОТЕСТИТЕДел од демонстрантите запалија контејнери и фрлаа молотови коктели. (Фото: Катимерини)

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис побара прошка за железничката несреќа во која што загинаа 57 луѓе. Во порака на Фејсбук, Мицотакис кажа дека „во Грција во 2023 година, два воза кои одат во различни насоки не може да возат по иста линија и никој да не забележи“.

    Во Грција веќе неколку дена има протести низ поголемите градови. Судири со полицијата имаше денеска откако илјадници му се приклучија на протестот во главниот град Атина. Полицијата вели дека 12.000 луѓе присуствувале на протестот.

    Дел од демонстрантите запалија контејнери и фрлаа молотови коктели. Полицијата одговори со солзавец и шок бомби, расчистувајќи го централниот плоштад Синтагма за неколку минути.

    Вечерта на 28 февруари, патнички и товарен воз се најдоа на иста линија во спротивни насоки. При судирот, првите четири вагони од патничкиот воз излетаа од шините, а првите два и се запалија и се речиси целосно уништени.

    Според првичните наоди на истрагата, причина за несреќата е човечка грешка. Претходно неделава, 59-годишен вработен на железничката станица во Лариса беше обвинет за убиство од небрежност и наскоро ќе му се суди. Неговиот адвокат кажа дека тој признал дека има дел од одговорноста за несреќата.

    Но, многумина во Грција сметаат дека несреќата е последица на владината неодговорност кон железницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира