Фармацевтскиот гигант „Модерна“ побара одобрување за својата вакцина против ковид-19 од американските и европските регулатори, што е последниот чекор пред нејзината можна широка употреба.
Регулаторите во наредниот период ќе ги разгледаат податоците од тестирањето на вакцината, пред да одлучат дали е доволно безбедна и ефективна за да ја одобрат нејзината примена. Клиничките тестирања покажале дека вакцината на „Модерна“ обезбедува заштита од повеќе од 94%, што ја прави една од најефективните.
„Модерна“ соопшти дека се надева дека наскоро ќе добие одобрување во Велика Британија, откако тестирањата во кои учествувале 30.000 доброволци покажале дека таа функционира.
Од трите најнапредни вакцини досега, онаа на „Модерна“ е најскапа и чини 33 долари за доза. Таа може да се чува шест месеци на -20 Целзиусови степени.