МОЌНИТЕ ЕВРОПСКИ РЕКИ СЕ ПРЕТВОРААТ ВО БРАЗДИ ДОДЕКА СЕ НАЈАВУВА НАЈГОЛЕМАТА СУША ВО ПОСЛЕДНИТЕ 500 ГОДИНИ

    МОЌНИТЕ ЕВРОПСКИ РЕКИ СЕ ПРЕТВОРААТ ВО БРАЗДИ ДОДЕКА СЕ НАЈАВУВА НАЈГОЛЕМАТА СУША ВО ПОСЛЕДНИТЕ 500 ГОДИНИНивото на Рајна ќе продолжи да паѓа до почетокот на следната недела (Фото: АП)

    На некои места, Лоара сега може да се премине пешки: најдолгата река во Франција никогаш не течела побавно. Рајна би можела да стане непроодна за товарниот сообраќај, а во Италија, По е два метра под својата нормала.

    Сушата во Европа ги претвори некогаш моќните реки во бразди, со потенцијално драматични последици по индустријата, товарниот превоз, енергијата и производството на храна. Невообичаено сувите зима и пролет беа следени од рекордно високи летни температури и жешки бранови, што ги испразни и прегреа најсуштинските водени патишта во Европа.

    Без значајни врнежи во изминатите два месеца во западна, централна и јужна Европа и без најава дека ќе ги има во блиска иднина, метеоролозите предупредуваат дека ова би можела да биде најлошата суша на континентот во последните 500 години.

    Нивото на Дунав кај Будимпешта паднало за 1,5 метри во изминатите три недели (Фото: АП)

    Немало слични настани во изминатите 500 години како сушата во 2018, но мислам дека оваа година е и полошо. Постои многу голем ризик дека сувите услови ќе продолжат и во следните три месеци“, изјави Андреа Торети од Центарот за заеднички истражувања на Европската комисија.

    Федералниот институт за хидрологија на Германија кажа дека нивото на Рајна ќе продолжи да паѓа до почетокот на следната недела.

    Не е шега. Имаме 1,5 метри вода, а нашите бродови лежат на длабочина од 1,2 метра. Значи, остануваат 30 сантиметри вода под нас. Порано имавме чести поплави, а сега често имаме низок водостој“, изјави капетанот Андре Кимпел, кој плови по Рајна.

    И ситуацијата со Дунав не е ништо подобра. Нивото на водата кај Будимпешта паднало за еден и пол метри во изминатите три недели, а во Баварија, температурата на водата била 25 Целзиусови степени минатата недела и се очекува да порасне на 26,5 степени до средината на месецот, што може да биде фатално за некои видови риби.

    Во Србија, Романија и Бугарија се копат подлабоки канали во Дунав за да можат да поминуваат товарни бродови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира