Молдавија и Литванија прогласија вонредна состојба во очекување на наплив на бегалци од Украина, која од утрово е нападната од Русија. Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека се подготвени да помогнат на десетици илјади Украинци.
Словачка соопшти дека ќе испрати 1.500 војници на границата со Украина за да помогнат при доаѓањето на бегалците. Во Полска, болниците подготвуваат кревети за можен прием на ранети од Украина.
„Полска е подготвена да прими мигранти од Украина. Ќе се погрижиме секој што ќе влезе на територијата на Полска да добие медицинска помош“, објави министерството за здравство.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин дека се однесува како Хитлер во Втората светска војна.
„Русија е на патот на злото“, кажа Зеленски, додавајќи дека украинските сили водат жестоки борби на истокот, северот и југот на земјата.
Поради руската инвазија, членките на НАТО, Литванија, Естонија, Летонија и Полска, го активираа членот 4, со кој се повикува колективна акција на сите 30 членки на алијансата. Од основањето на НАТО во 1949, овој член бил активиран само шест пати.