МОСКВА ГО ПОТВРДИ ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА ФАЗА ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

    МОСКВА ГО ПОТВРДИ ПОЧЕТОКОТ НА ВТОРАТА ФАЗА ОД ВОЈНАТА ВО УКРАИНАУкраина вели дека руските сили напаѓаат долж целиот фронт во Донбас (Фото: ТАСС)

    Рускиот министер за надворешни рабпти Сергеј Лавров потврди дека руските сили ја почнале втората фаза од „специјалната воена операција“ во Украина.

    „Нова фаза од оваа операција во источна Украина е почната и сигурен сум дека тоа ќе биде многу важен момент во целата специјална операција“, изјави Лавров.

    Оваа офанзива се очекуваше откако Русија не успеа да го освои Киев и се повлече од северот на Украина. По завршувањето на првата фаза од војната, Москва кажа дека ќе ги фокусира своите напори на целосното ослободување на Донбас.

    Украинската војска утрово соопшти дека почнала втората фаза од војната во Украина и дека руските сили ги напаѓаат одбранбените линии долж целиот фронт во регионите Доњецк, Луганск и Харкив, чија должина изнесува речиси 500 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира