МОСКВА ПАК НАПАДНАТА СО ДРОНОВИ, ЕДНА ЗГРАДА ПОГОДЕНА ВТОРПАТ ЗА ДВА ДЕНА

    МОСКВА ПАК НАПАДНАТА СО ДРОНОВИ, ЕДНА ЗГРАДА ПОГОДЕНА ВТОРПАТ ЗА ДВА ДЕНАИ во денешниот напад немало повредени (Фото: Гети)

    Москва и утрово беше нападната со дронови, при што еден облакодер беше погоден вторпат во последните два дена, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

    Неколку дронови беа соборени ноќеска, но еден удри во истата кула од деловниот комплекс ‘Москва‘ која беше погодена и во неделата. Оштетена е стаклената фасада на зградата, но нема повредени“, изјави Собјанин.

    Руското министерство за одбрана ја обвини Украина и за овој напад.

    Противвоздушната одбрана собори уште два дрона во московскиот регион, со што беше спречен украински терористички напад“, соопшти министерството за одбрана.

    Меѓународниот аеродром „Внуково“ беше привремено затворен поради нападот.

    Иако Киев досега не преземаше директна одговорност за нападите во внатрешноста на Русија, претседателот Зеленски вчера изјави дека нападите на руската територија се неизбежен, природен и праведен процес во војната.

    Русија истовремено кажа дека спречила напад на два нејзини брода од црноморската флота, што се случило 340 километри од Севастпол.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира