Доналд Трамп даде неодреден одговор дали САД ќе се вклучат во израелските воздушни напади врз Иран, откако иранскиот ајатолах Али Хаменеи предупреди дека ќе има сериозни последици ако се случи тоа.
„Можеби ќе го направам тоа, можеби не. Никој не знае што сакам да направам. Но, можам да кажам дека Иран е во неволја и сака да преговара. Мислам дека е малку доцна за зборење, има голема разлика помеѓу сега и пред една недела“, изјави Трамп на церемонијата на поставувањето на огромен јарбол со американско знаме на тревникот на Белата куќа.
Некои американски медиуми објавија вчера дека Трамп размислувал за приклучувањето на САД кон израелските напади врз иранските нуклеарни постројки, за што немало согласност од сите негови најблиски советници.
„Не сум сигурен колку долго ќе трае конфликтот, бидејќи иранската противвоздушна одбрана е десеткувана. Имам два едноставни збора: безусловно предавање“, рече Трамп, додавајќи дека верува оти Ирамците имаат лоша намера со нивната нуклеарна програма.
Али Хаменеи денеска го отфрли повикот на Трамп за безусловно предавање и кажа дека секоја воена интервенција на САД ќе биде проследена со непоправлива штета.
Хаменеи вчера се огласи на социјалните мрежи, каде што кажа дека „битката започнала“ и им се закани на израелските власти.
„Израел направи голема грешка што го нападна Иран и ќе биде казнет за тоа. Иранците никогаш нема да ги заборават нападот на нивната територија и крвта на мачениците. Нема компромиси со Израел“, рече тој денеск